More

    Зеленски им даде 24 часа на политичарите и бизнисмените да се вратат во земјата

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика државните претставници, политичарите и бизнисмените кои неодамна ја напуштија државата да се вратат во Украина во рок од 24 часа и да покажат единство со нацијата поради стравувањата од руска инвазија.

    – Ваша директна должност е во таква ситуација да бидете со нас, со украинскиот народ. Ви предлагам да се вратите во својата татковина во рок од 24 часа и да застанете рамо до рамо со украинската армија, нашата дипломатија и нашиот народ – рече Зеленски во видео обраќање.

    Украинските медиуми објавија дека некои пратеници и водечки бизнисмени ја напуштиле земјата минатиот викенд, откако САД, Велика Британија и други западни земји ги советувале своите граѓани итно да ја напуштат Украина.

    – Вратете се кај вашиот народ и вашата земја, која беше извор на вашите фабрики и богатство – нагласи Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img