Зеленски ги осуди изјавите на Лавров за Хитлер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според која „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“.

– Немам зборови…Никој не слушна никаков демант или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк… тоа значи дека руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна. А можеби никогаш и не ги ни научиле – истакна Зеленски во своето ноќно обраќање, пренесува Скај Њуз.

Изјавите на Сергеј Лавров предизвикаа жестока реакција од Израел. Тамошниот шеф на дипломатијата ги нарече „непростливи и скандалозни“, додавајќи дека „Евреите не се убивале сами себе во Холокаустот“.

– Поради овие изјави сега имаме голем скандал во Израел. Но, од Москва не слушаме зборови за извинување. Само молк. Како може да се каже такво нешто во пресрет на годишнината од победата над нацизмот? Немам зборови…

Зеленски и самиот е Евреин, но Русија постојано повторува дека сака „денацификација“ на Украина, почнувајќи од нејзиното раководство.

Запрашан за ова претходно, рускиот министер за надворешни работи рече: Па, кога ќе речат:

– Како може да постои нацификација ако сме Евреи? Според мене, Хитлер исто така имал еврејско потекло, така што тоа не значи апсолутно ништо. Веќе некое време слушаме од еврејскиот народ дека најголемите антисемити биле Евреи – изјави Лавров.

Западните лидери ја осудија изјавата како невистинита и апсурдна.

Share This Article