Зеленски е бесен, „каде се системите „Патриот“?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Москва во синоќешниот напад врз станбена зона во Харков искористила „летечка“ бомба која може и да се наведува, пишува британски Телеграф.

– Ова е нешто помеѓу водена воздушна бомба што тие (Русите) ја користеа неодамна, и проектил. Тоа е летечка бомба, така да се каже – изјазви началникот на регионалната полиција Володимир Тимошко.

Ројтерс го цитираше градоначалнијкот на Харков Ихор Терехов кој извести дека во нападот на зграда во која беше уништен ресторан и скршени прозорци почина 12-годишно момче, а четири деца, вклучително и едно тримесечно бебе, се меѓу 19-те ранети.

 

Украинските набљудувачи го опишаа оружјето како едноставна крстосувачка ракета базирана на воздушната бомба ФАБ-250, со додадени крила за лизгање, турбо млаз и навигациски систем.

Украинскиот претседател Володимир Зелнески коментирајќи го нападот на социјалните мрежи напиша дека „рускиот терор врз градот станува сè погрозоморен“.

„Нема рационално објаснување зошто „Патриотите“ (проектили), кои ги има во изобилство ширум светот, сè уште не го штитат небото на Харков и другите градови и заедници нападнати од руски терористи“, објави Зеленски.

Во меѓувреме Русите напредуваат. Институтот за проучување на војната ИСВ од САД објави дека руските сили потврдиле дека напредуваат кај Бахмут и Кремина, Авдиивка, источно од градот Часив Јара. Руски извори тврдат дека на 25 март нивните сили напредувале во Бохданивка, како и западно и источно од Весела.

Ова го потврдуваат сателитските снимки, анализира Институтот, според кој Русите напредуваат и кај Сенквивка, а го зазеле селото Иванивске. Во Запорожје нема поголеми промени.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article