Во синоќешното видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди западните лидери на денешниот состанок во Брисел дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.
„Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека тие работат со некои партнери“, рече Зеленски пред самитите на Г7, НАТО и Европската унија денеска во Брисел.
„Нашиот цврст став ќе биде претставен на сите три самити“, продолжи тој.
„Кој не предаде?
„На овие три самити ќе видиме: кој е пријател, кој е партнер, а кој не изневери за пари.
Околу 40% од Европа се снабдува со руски гас, пишува Би-Би-Си. Европските лидери бараат алтернативни извори на енергија, а во исто време наметнуваат санкции кон Москва.
Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО преку видео врска и се очекува да бара понапредно оружје, вклучувајќи авион и противвоздушен систем.
Бајден, кој исто така е во Брисел, се очекува денеска да објави нови санкции против Русија.