Зеленски дал наредба украинските сили да не се повлекуваат од Бахмут спротивно на советите на првиот генерал Валериј Залужни, со кого влегле во кавга

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски дал наредба украинските сили да не се повлекуваат од Бахмут спротивно на советите на првиот генерал Валериј Залужни, со кого влегле во кавга, пишува германски Билд. Според весникот, уште пред неколку недели Залужни го повикал Зеленски да се повлече за Украина да се фокусира на поголемата офзанзива оваа пролет кога ќе има повеќе достапно оружје од Западот.

И покрај сите вести дека градот и областа се опколени и дека е прашање на време кога ќе бидат заземени од Русите, Зеленски решил да донесе одлука дека нема предавање. Во меѓувреме, на самите украински војници на фронтот не им е јасно зошто уште се обидуваат да го одбранат градот, пишува Билд.

„Од воена гледна точка, Бахмут нема стратешко значење, повлекувањето од уништениот град не би било пресудно. Само поради руската концентрација на Бахмут и распоредувањето на илјадници платеници од Вагнер Бахмут стана политички симбол. Зеленски го прогласи градот за „тврдина“ во декември“, се вели во статијата.
Германскиот весник тврди и дека популарноста на генералот Залужни нагло се зголемила откако Украина имаше неколку успешни контра-офанзиви, па дури и дека Залужни е можен кандидат за претседател на следните избори. Зеленски, кој има 45 години, е четири години помлад од Залужни.

Во моментот, во Бахмут, Русите ги предводи платеничката група Вагнер, додека внатре во градот има околу 10.000 заробени Украинци. Според Институтот за проучување на војната, ИСВ, на украинските сили им снемува муниција и сила.

Првиот човек и финансиер на Вагнер, Евгениј Пригожин изјави дека ако Русите изгубат во клучниот Бахмут се менува текот на војната.

Од друга страна, министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, денеска изјави дека источниот украински град Бахмут има повеќе симболично отколку оперативно значење и не мора да значи дека Москва ја вратила иницијативата на бојното поле.

Share This Article