More

    Зечевиќ тврди дека кандидатот на СДСМ ќе биде идниот претседател на државата

    spot_img

    Нема причина зошто воопшто да се спојуваат претседателските и парламентарните избори, вели генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, во интервју за Фокус.

    Тој вели дека јасно се издвоени изборите едни од други и има зошто се така одвоени.

    – Не гледам причина зошто да ги спојуваме. Зошто волјата на граѓаните да ја калкулираме со продолжување или скратување мандати? Едноставно е, ајде да го почитуваме Уставот и законите, без притоа да правиме политички толкувања – изјави Зечевиќ.

    На прашањето дали се почнати одредени внатрепартиски дискусии и консултации околу кандидатот со кој ќе настапи СДСМ на претседателските избори, Зеевиќ одговори:

    – Претседателската функција е врвот на државната пирамида. Таа фигура треба да е со исклучителна морално-политичка вертикала во себе, со визија и одважност да ги претставува вредностите на македонската Република. СДСМ ќе го избере најдобриот, победничкиот кандидат за претседателските избори, преку соодветна процедура. Секако дека ќе следуваат и консултации со нашите коалициски партнери. Уште од сега можам да најавам дека две работи се сигурни: прво, кандидатот на СДСМ ќе биде следниот претседател на државата; и второ, Македонија ќе има мирно море уште пет години, цврсто држејќи го кормилото на напредокот и државниот успех – истакнува Зечевиќ во интервјуто за Фокус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img