Бразил не само што го загуби својот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година, туку го загуби и капитенот Нејмар Јуниор.
Така Ал Хилал остана без најгласното засилување за сезоната 2023/24, чија цел е да ја стави Саудиска Арабија на светската фудбалска мапа.
За среќа на петкратните светски шампиони, најдобриот играч и долгогодишен капитен на националниот тим ќе може да се опорави од тешката повреда на вкрстените лигаменти на коленото што ја заработи во првото полувреме од дербито со Уругвај. но…
Ќе се исплати ли вложувањето од 300 милиони долари на саудиските принцови во некогаш најталентираниот играч на светот? Веќе е тешко да се погоди.
Нејмар беше изнесен надвор од теренот на стадионот Сенетарио во Монтевидео, пред 52.477 навивачи, откако падна по еден дуел и го стегна левото колено.
И покрај тоа што светската фудбалска јавност се навикна на повредите на поранешниот ас на ПСЖ, Барселона и Сантос, поради кои тој пропушти речиси 50 отсто од натпреварите на „Пари светите“ во период од шест години откако беше платен рекордни 222 милиони евра, популарниот Бразилец таков бродолом во кариерата не доживеал.
Првите тестови покажаа дека не е оштетен само предниот вкрстен лигамент на коленото, туку и менискусот, па го чека долга пауза. За Нејмар сезоната веројатно е веќе завршена, бидејќи играчите од ваквите повреди се опоравуваат најмалку шест месеци, а често и многу подолго.