СДСМ е пример за политичка комедија. СДСМ луташе кога требаше да се работи Коридор 8 барајќи само начини како да стават пари во џеб, ВМРО-ДПМНЕ гледа како да реализира проекти, а не да ги краде граѓаните, наведено е во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„За време на СДСМ, секој ден беше нова епизода од ‘Скандал во Македонија’. Време е СДСМ да прифати дека нивната ера заврши. ВМРО-ДПМНЕ, не се потпира на наследството од претходната власт, кое беше повеќе за хумористични шоуа – најдобар пример за тоа е Венко Филипче. СДСМ треба да престане да ги рециклира истите соопштенија како фиока со истрошени сценарија. Се чини дека освен одговори, им треба и мапа да сфатат дека нивната улога во првите редови на политичката сцена е завршена. СДСМ ги погазија ветувањата, а време е да ги погазат и сценаријата. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на последната седница за пратенички прашања, даде одговор на сите дилеми. За СДСМ пратенички прашања се и непозната појава. Нивните одлуки во минатото поминуваа без транспарентност, отчетност, и вон фокусот на јавноста. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата која граѓаните му ја дадоа на 8 мај, а реформите веќе СДСМ треба да се навикне на новата реалност, во политичката игра, местото за подучување е резервирано за победници“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.