More

    ЗАВРШИ 44 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Со усвојување на  98 од вкупно 99 точки од дневниот ред заврши  44-та седница на Советот на Општина Охрид.

    Беа усвоени Предлог -одлуките за престанок на мандатите на советниците Горан Стојаноски и Горан Маркоски, а се верифицираа мандатите на Игор Јовески  и Цветлана Вељаноска.

    Зелено светло добија и Предлог – одлуките кои се однесуваа на Програмите за изведување  училишни екскурзии  како и за формирање паралелки со помалку од 20 односно 25 ученици во основните и средни училишта во градов. Беа усвоени и годишните извештаи и програми  за работа на сите образовни институции во градов  и селата, на  ОЈУ „Кузман Шапкарев“ и на  ЈОУДГ „Уасна Ристеска“ за учебната 2023/24 и 2024/2025г.  Се утврди и работното време како и формирањето поголеми или помали групи за работа во детската градинка „Јасна Ристеска“.

    На Седницата беа усвоени Предлог – одлуките за извештаите за работа на сите охридски јавни претпријатија  како и плановите за вработување во нив како и Годишниот план за вработување во Општина Охрид за 2025 година.

    Советниците ги изгласаа и точките од дневен ред кои се однесуваа на Секторот ТЛЕР како и од делот на урбанистичката сфера.

    Единствено  не беше изгласана  Предлог – одлуката за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност  и безбедноста  на сообраќајот на патиштата за период од 01.01 до 30.06 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img