More

    ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР 2023

    spot_img
    Се одржа традиционалниот, седми по ред Велигденски Базар,на кој учество зедоа голем број домашни продавачи и производители на традиционални јадења, слатки,сувенири, рачни изработки… Понудата беше збогатена и со рачните изработки на учениците од средните и основните училишта во градов како и со изработките на дечињата од детската градинка Јасна Ристеска.
    Бидјејќи Велигденскиот Базар покрај промотивен има и хуманитарен карактер, Директорот на ЈП Градски Пазар Александар Попоски истакна дека суштината на Велигденскиот Базар е покрај тоа што локалните производители на традиционални јадења, занаетчии и фирми ќе можат да ги промовираат своите производи и изработки на базарот , со самото учество на Базарот стануваат дел од една хумана мисија бидејќи имаат можност да дадат своја донација за помош и поддршка таму каде што е најпотребно.
    Им се заблагодаруваме на сите кои се вклучија и ја поддржаа оваа манифестација со свои изработки и производи, слаткари и хумани луѓе кои се занимаваат со рачни изработки.
    Упатуваме посебна благодарност до сите учесници во забавниот дел на базарот кои со својата пријатна и позитивна енергија, со сиот свој сјај, убавина и младост ни го доловија духот на најголемиот христијански празник Велигден. Им се забагодаруваме на КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од средните и основните училишта во општинава.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img