Обдукцијата на телото на 14-годишниот Вања во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје вчера заврши и телото е предадено на семејството, објави МКД.мк.
Во тек се посмртните анализи кои треба да ги утврдат причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало и откако ќе бидат целосно завршени ќе биде изготвен обдукциски извештај во кој ќе бидат опфатени сите целосни податоци и анализи. Тој ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје.
Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.