Завршен настан на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ – Conse PP.

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Општина Дебрца, со задоволство Ве поканува да учествувате во Финалниот Настан на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.

Финалниот настан ќе се одржи на 11 јули 2022 година, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Општина Дебрца.

Учесници на финалниот настан ќе бидат и претставници на останатите партнери во проектот, односно од Грција претставници на Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси (ПП1), Општина Терми (ПП2), и од Северна Македонија претставници од Општина Дебрца (ПП3), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област – ЈАСЕН, како и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Агендата за финалниот настан е во прилог на оваа покана.

 

Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област

АГЕНДА ЗА ФИНАЛЕН НАСТАН

Дате: 11 јули 2022 година _ ПросторијаИзложбен центар, Општина Дебрца

Време Тема
10.00-10.10 Регистрација на учесници
10.10-10.30 Поздравни говори 

Г-дин Зоран Ногачески, Градоначалник на Општина Дебрца

Д-р Елени Малупа, Истражувачки директор и Проектен координатор, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

Г-дин Новица Зечевиќ, Директор на ЈАСЕН

Д-р Кирил Сотировски, Декан, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Претставник од Општина Терми

Технички секретаријат, Interreg IPA CBC “Greece – Republic of North Macedonia 2014-2020”

10.30-11.45 Проектот Conse-pp 

–        Conse-pp: Ex situ конзервација на приоритетните растенија во меѓуграничната област на Грција и Република Северна Македонија  

Д-р Елени Малупа, Истражувачки директор и Проектен координатор, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

 

–        Дефинирање на приоритетните растенија за конзервација во меѓуграничната област на Грција и Република Северна Македонија  – Преглед на собраните ботанички колекции и утврдените закани/ризици

Д-р Никос Кригас, Истражувач, Ботаничар, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

 

 

–        Резултати на проектот во Република Северна Македонија

Д-р Ивана Јанеска Стаменковска, Проектен менаџер, Општина Дебрца

 

Ботанички парк во Кардиа

Ана Винга, Проектен менаџер, Општина Терми

11.45-12.00 Кафе пауза
12.00-12.30 Тура низ Изложбениот објект
12.30-13.00 Дискусија и затворање на настанот
13.00 Коктел
Share This Article