Затворено е средно училиште во Велс, Велика Британија, а хеликоптери кружат околу зградата откако таму се случил напад, при што повеќе луѓе се прободени со нож, јавува британски Мирор.
– На сите студенти и вработени им беше кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните. Наводно, неколку лица биле избодени со нож – велат од училиштето.
Станува збор за училиштето „Исгол Дифрин Аман“.
Се наведува и дека надвор од училиштето пристигнуваат родителите на децата кои останале внатре во училиштето во кое околу 1.000 ученици посетуваат настава.
Според некои извори, повеќе лица се прободени со нож, а според неофицијални информации, нападот се случил во училишниот двор.
Родителите за британските медиуми изјавија дека околу училиштето има силно полициско присуство, а очевидци пријавиле дека виделе хеликоптери на брза помош како слетуваат во близина. Пријавено е дека околу училиштето кружат два хеликоптера, а на местото на настанот има и неколку екипи на брзата помош.
Има извештаи дека на студентите им било кажано да не ги користат своите телефони за време на заклучувањето.