More

    Затворени оперативните сали и одделението за будење на пациенти по операција (шок-соба) во градската болница „8 Септември“

    spot_img

    Затворени оперативните сали и одделението за будење на пациенти по операција (шок-соба) во градската болница „8 Септември“.

    Плусинфо дојде до информација дека поројниот дожд кој вчера го зафати Скопје предизвикало поплава на оперативните сали кои се наоѓаат на третиот кат во болницата. Утрово вработените биле принудени да одложат некои од закажаните операции, а дел од пациентите кои требало да бидат итно оперирани се пренесени во долните две сали кај Итната медицинска помош.

    Овие информации за Плусинфо ги потврди и директорот на ГОБ „8 Септември“ д-р Христијан Костов.

    – Видете вчера навистина беше времето апокалиптично, па како и секое домаќинство, така и ние имавме мали проблеми. Протече вода во оперативните сали на третиот кат, некои од операциите беа одложени додека опремата не се префрли во долните сали. Но сега можам да кажам дека продолжуваме со операции долу, а другите сали на Трауматологија и ортопедија се функционални. Нема потреба за загриженост, болницата е во функција. Овој период имаме значително зголемена работа поради дефектот на Клиника, но успеваме успешно да се справиме со предизвиците. Верувам дека медицинскиот кадар е преморен поради зголемениот обем на работа, а и дополнително ни недостасува луѓе, бидејќи дел од нив ги користат одморите – ни изјави Костов.

    Како што додаде директорот Костов, очекува наскоро проблемот да биде решен и наскоро и другите сали да бидат функционални.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img