Засега се почитува привременото примирје во Појасот Газа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелската војска ги активираше сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас. Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета.

Утрово во 7 часот по локално време стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар. Во часовите пред привремениот прекин на огнот, ракетните сирени се вклучија во израелските градови кои се граничат со Газа, а израелската војска извести за интензивни операции во палестинската енклава, во обид да ја унапреди својата операција против Хамас што е можно повеќе во последните часови пред паузата.

Палестинската милитантна група Хамас денеска му ја предаде на Црвениот крст првата група израелски заложници. Меѓу ослободените има и 13 лица, кои преку преминот Рафа, се предадени на египетските власти. Претходно Хамас ослободи и 12 тајландски заробеници.

Тајландскиот премиер Срета Тависин денеска соопшти дека од Појасот Газа се ослободени 12 заложници, тајландски државјани, додека се очекува ослободување и на израелските заложници.

– Од Министерството за безбедност и МНР е потврдено дека 12 тајландски заложници се веќе ослободени. Официјални лица од амбасадата се на пат да ги примат – напиша Тависин на социјалната мрежа Х.

Тој го објави ова откако египетските власти објавија дека интензивните дипломатски напори на Египет резултирале со ослободување на Тајланѓаните.

 

 

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска за време на посетата на граничниот премин Рафа во Египет изјави дека сегашниот прекин на огнот во Газа не е доволен и дека е потребен траен прекин на огнот.

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије денеска изјави дека палестинската милитантна група ќе го почитува постигнатиот договор за прекин на огнот се додека Израел го прави истото.

– Ја потврдуваме нашата посветеност за спроведување на договорот и обезбедување на неговиот успех се додека непријателот се придржува до него – рече Ханије во видео пораката на Телеграм.

 

 

Израелските сили денеска се повлекоа од најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, соопшти Министерството за здравство управувано од Хамас, на првиот ден од привременото примирје помеѓу Израел и палестинските милитанти.

Израелската војска минатата недела изврши рација на Ал-Шифа. Болницата беше главен фокус на израелската копнена офанзива во Појасот Газа по нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Израелските власти тврдат дека во нападот на Хамас загинале околу 1.200 луѓе.

 

 

 

Ослободените заложници кусо прегледани во болница во Кан Јунис

Ослободените израелски заложници во моментов се на пат кон преминот Рафа за да преминат во Египет, откако претходно беа префрлени во Црвениот крст и беа подложени на кратки медицински прегледи во болницата во Кан Јунис.

Телевизијата Ал Акса, која е блиска на Хамас, цитира извори од милитантната група кои потврдуваат дека ја предале првата група израелски заробеници на Црвениот крст.

На Х е објавено видео на кое се гледаат амбулантни возила во кои се тврди дека се наоѓаат ослободените заложници.

Share This Article