More

    Засега се „ложиме“ на планови, на муабети и на руски гас

    spot_img

    Македонија скоро и да не е подготвена за употреба на гас, иако со години најавува дека работи на гасифицикација. Во моментов има само еден приклучок на меѓународен гасен коридор, а тешко ги реализира и плановите за изградба на нови приклучоци.

    Долго најавуваниот гасен приклучок со Грција доцни, а последната информација е дека се  чека на тендерите за изведувач на работите. Тоа значи дека уште неколку години ќе чекаме прво да се изградат гасоводот и гасното поврзување, па потоа да потече гас низ цевководот.

    Земјава бавно ги гради и магистрални гасоводи, а изградбата на гасификациската мрежа по градовите е во застој, поради одлагањето на изборот на компанија која ќе управува со мрежите во градовите.

    Како да се намали влијанието на „Гаспром“?

    Во меѓувреме, земјава смета на Србија и на вишоците кои ќе ги има Бугарија од гасоводот со Грција, отворен неодамна. Низ овој гасовод кој ќе тече гас од Азербејџан, бидејќи се планира да се намали влијанието на рускиот гас што го добиваме од руски „Гаспром“ преку единственото гасно поврзување со Бугарија. И оваа опција е спорна, бидејќи Бугарија, која се откажа од рускиот гас, сега треба да ги задоволи прво сопствените потреби од гас од овој гасовод.

    Така, засега Србија ни е единствената опција, ако сакаме да го замениме рускиот гас кој го добиваме преку единствената конекција со меѓународен гасовод кон Бугарија, низ кој тече руски гас.

    Владата најави план за независност од руските фосилни горива, кој се заснова на два столба. Едниот е  диверзификација на снабдувањето со гас на ЕУ, преку зголемен увоз (вклучувајќи течен природен гас или ЛНГ) од неруски добавувачи, како и поголем обем на производство и увоз на биометан и водород од обновливи извори. Вториот, пак, се однесува на  забрзување на оддалечувањето од фосилните горива преку зголемување на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија. Во рамки на овој план е и изградбата на гасното поврзување со Грција, кое требаше да почне да се гради уште годинава.

    Зошто доцни гасното поврзување со Грција?

    Од Национални енергетски ресурси, кои се задолжени за изградбата на гасното поврзување со Грција, велат дека некакво помрднување на процесот ќе имаа во следната година, иако според договорот од пред две години, требаше да почне да се гради лани.

    – Постапката околу проектот е во завршна фаза. Проектот е усогласен со националните цели и приоритети. Тој е, исто така, во согласност со политиките на ЕУ, означен како проект од заеднички интерес според Енергетската заедница на ЕУ и вклучен како најзначаен проект во Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан – велат од НЕР.

    И грчката страна доцни со проектот. Според информациите објавени во тамошните медиуми, претстои објавување тендери за избор на изведувачи во двете земји.

    Гасоводот треба да има вкупна должина од 123 километри, од кои 67 километри на наша страна. Ќе се протега од Неа Месимврија до Неготино, преку пограничната зона Евзони – Гевгелија, поврзувајќи ги националните системи за пренос на природен гас. Неговиот почетен транспортен капацитет ќе биде 1,5 милијарда кубни метри годишно, со можност да се прошири на 3 милијарди кубни метри, а се планира гасоводот да транспортира и „зелен“ водород.

    Инвестицијата во земјава е планирано да чини над 57 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.

    Од овој гасовод зависи и кога ТЕЦ Неготино и РЕК Битола ќе можат да планираат замена на мазутот и јагленот со гас.

    Доцнат и гасоводните магистрали во Македонија

    За гасното поврзување со Грција во земјава се говори веќе 10 години. Проектот е почнат во 2015 година во владата на ВМРО-ДПМНЕ, но немаше никакви активности до 2020 година, кога официјално е потпишан договор за негова изградба во присуство на американски претставник.

    Земјава има во план гасно да се поврзе и со Косово и со Србија, како и да изгради уште едно поврзување со Бугарија. Но, плановите се едно, а реалноста сосема поинаква. Практиката покажува дека во оваа сфера сите плански рокови се пробиваат, а ррализацијата оди бавно или скоро и да ја нема.

    Изградбата на гасоводните магистрали доцнат повеќе од една година. Гасоводите од Скопје до Тетово и оној од Неготино кон Битола требаше да бидат завршени уште лани, но на нив се работи и во моментов. Од НЕР велат дека над 90 отсто од работите на овие гасоводи се завршени. Но, во некои потсектори за целосно завршување на гасоводот се регистрираат помали проценти.

    Годинава, според планот за гасификација, требаше да се градат две нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево. Прашање е кога овие делници ќе почнат да се градат како што исто така е прашање кога градовите ќе почнат да се гасифицираат.

    Две години не може да се избере компанија дистрибутер

    Владата една година не може да избере која компанија да управува со гасната мрежа во градовите. На тендерот за јавно приватно партнерство се јавија две турски компании, „Акса догалгас д А.С.“ и „Палмет енерџи аноним ширкети“. Една од нив требаше да биде избрана за да ги финансира, проектира, изгради, управува, одржува и да ги развива дистрибутивните системи на природен гас низ Македонија. Но, владата го одложи изборот.

    Според условите од договорот, избраната компанија ќе треба да инвестира 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата, за што ќе може да управува со нив 35 години.

    Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img