More

    Засега не се размислува за задолжителна вакцинација

    spot_img

    Сè уште е рано да се укинат сертификатите, вели портпаролот на Комисијата на заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ, затоа што Македонија е многу далеку од земјите кај кои процентот на вакцинирани е преку 80 проценти, а кај нас оваа бројка е застаната на околу 40 отсто.

    – Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор, може да предизвика поголема трансмисија на вирусот, затоа што сертификатот има своја тежина ги штитат они кои не можат да ги имаат, а не зборуваме за лажните – вели Мехмедовиќ.

    Во врска со вакцинацијата од Комисијата велат дека не е разговарано за воведување на задолжителна вакцина, туку со зголемување на кампањата да порасне и интересот на граѓаните да бидат имунизирани.

    – Разговаравме за тоа како да се поттикне вакцинацијата и да имаме централизирана кампања, па така да се обидеме на граѓаните да им ги објасниме користа од вакцината. Исто така се размислува и за таргет групи, пред сè оние кои имаат сериозни придружни болести, кои дополнително со ковид-19 ја влошува здравствената состојба кај овие лица. Се работи доста на ова поле со цел значително да се зголеми бројот на имунизирани лица – рече портпаролот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img