More

    Заработуваат од стравот на луѓето да бидат закопани живи

    spot_img

    Компанијата „Хорор бокс“ од Барселона, Шпанија, ја смислила играта „Каталепсија“ која алудира на истоимената здравствена состојба. Каталепсијата вклучува екстремна вкочанетост на телото и лесно може да се помеша со смрт.

    Учесниците се затворени во ковчег и имаат 30 минути да излезат, но претходно со партнерот од соседниот ковчег мораат да решат загатки комуницирајќи преку звучник.

    Модераторката на играта Аурора Алварино го надгледува развојот на настаните со помош на камери. Според неа, оваа соба за бегство е теретана за умот. На новинарите им рекла дека целта на играта е да се создаде ситуација во која порано или подоцна ќе се најдеме сите, а тоа е погребот.

    Миријам Кастеља, 22-годишна актерка избрана од компанијата за демонстрација на играта, признала дека се преплашила откако се затворил капакот. Нејзиниот партнер во демонстрацијата, 39-годишниот танчар Карлос Гранедо, рекол дека веќе учествувал во 15 такви игри, но тоа искуство му било уникатно.

    При резервирањето влезници, играчите одбираат вид на ковчег и решаваат дали за време на играта ќе бидат „кремирани“ во виртуелен пламен или ќе се решат за опцијата со вештачки чад.

    „Каталепсија“ ја црпи својата инспирација од тафофобијата, ирационалниот страв на поединецот од прерана смрт или можноста да биде жив закопан.

    Неколку историски личности се плашеле од можноста да бидат закопани живи, меѓу кои и Фредерик Шопен кој побарал да му го извадат срцето за да се осигураат дека е мртов. Џорџ Вашингтон побарал да му го остават телото три дена, а Ханс Кристијан Андерсен и Алфред Нобел сакале да им ги исечат артериите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img