More

    Што е тоа парвовирус Б19 и еве како да се заштитите

    spot_img

    Во зимскиов период, кој изобилува со  разни вирусни епидемии, луѓето се соочуваат со заболувања кои не се широко познати. Парвовирусот Б19 е пример за тоа. Низ социјалните групи веќе почнаа да кружат коментари објавени од загрижени родители.

    „Здраво на сите. Син ми, кој има 7 години, е инфициран со паровирус В19, вирусна сипаница уште наречена и ‘петта болест’. Има осип на телото, нема температура ниту други симптоми. Посетени инфектолог и педијатар, а крвните анализи се во ред. Ве молам, доколку некој прележал, да каже искуство со текот на лекувањето и за самиот исход. Читам по интернет секакви информации и премногу сум преплашена. Ви благодарам“.

    Што е Парвовирус Б19?

    Парвовирус В19 е дел од семејството вируси наречени парвовируси, кои заразуваат само животни. Само парвовирус В19 заразува луѓе, но не и животни, објаснува американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

    Заразените од парвовирус В19 некогаш немаат симптоми, но ако имаат, симтомите зависат од годините и од општата здравствена состојба. Двајца од десетмина немаат никакви симптоми, а останатите најчесто имаат слаби симптоми како: треска, главоболка, кашлица, суво грло, осипи и болка во зглобовите.

    Парвовирусот се пренесува преку респираторни капки, како плунката или назалниот мукус, преку крвта или од бремената мајка на детето.

    Честа презентација на парвовирус Б19 е „Петтата болест“, која се вика така бидејќи била петта во листата на историски класификации за општите кожни исипи кај децата. Петтата болест (Еритема инфекциозум)е препознатлива по осипот „исшамарани образи“, поради изгледот на кожата на образот кој наликува на исшамаран. Но, некогаш се појавуват и втори осипи на градите, грбот, рацете и на нозете, покрај другите симптоми.

    Компликациите се ретки кај деца и кај возрасни кои инаку се здрави. Но, некогаш се случуваат здравствени компликации кои влијаат на нервите, зглобовите и на крвотокот. Може да предизвиаат анемија кај пациенти со крвни болести и ослабен имунитет, како и кај бремени жени, иако и тоа е реткост.

    Петтата болест се дијагностицира визуелно според изгледот на „исшамараниот образ“, или, пак, со тестирање на крвта за антитела на паровирус.

    Не постои вакцина или третман што може да спречи инфекција со парвовирус Б19. Можете да се заштитите себеси и другите од парвовирус Б19 со секојдневни превентивни мерки:

    • Често мијте ги рацете со сапун и вода;
    • Покријте ги устата и носот кога кашлате или кивате;
    • Избегнувајте да ги допирате очите, носот и устата;
    • Избегнувајте близок контакт со луѓе кои се болни;
    • Останете дома кога сте болни.

    Инфекциите со парвовирус Б19 обично се благи и ќе исчезнат сами по себе. Третманот обично вклучува ублажување на симптомите, како што се треска, чешање и болки и отоци во зглобовите.

    Ако сакате повеќе информации поврзани со Паровирус В19, преземете го е-документот на Министерството за здравство од овој ЛИНК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img