(Прилеп, 06.10.2022) – Со целосниот асортиман веќе достапен на бугарската јавност, Витаминка и оваа година се претставува на Интерфуд & Дринк, една од најголемите саемски манифестации за храна и пијалаци во Југоисточна Европа што одржува во Бугарија. Најголемата кондиторска компанија во земјава го претставува своето богато портфолио, составено од производи од сите сегменти и од слатката и солената програма.
Интерфуд & Дринк е познат по тоа што претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни ланци, деловни делегации, трговски друштва и слично.
„Витаминка и нашите производи се многу добро познати на бугарската јавност, и тоа ни дава голема предност при претставувањето тука. Но, тоа што Интерфуд & Дринк ги спојува најголемите компании од овој сектор во Југоисточна Европа и големото присуство на компании, дистрибутери и продажни ланци токму на овој саем, го прави клучен за нас за воспоставување директни бизнис релации и со тоа за создавање реални можности за проширување кон нови пазари“, вели директорот на Извоз, Љупчо Велески.
Како дел од саемските содржини и во насока на отворање можности за соработка, е и платформата за многу конференции, натпревари, презентации, семинари, деловни состаноци и друго. Интерфуд & Дринк се одржува од 5 до 8 октомври, оваа година по 21ви пат, со над 550 изложувачи, се претставуваат над 1200 брендови и се очекува посетеност од над 24 000 посетители и купувачи.