ЗАПОЧНА 62. ИЗАДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на свеченото отворање на 62. издание на најреномираната музичко сценска манифестација „Охридско Лето“.

На отворањето на фестивалот синоќа на Античкиот театар во Охрид настапија светски познатите тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Италијанските уметници настапија под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Македонската опера и балет.

„Охридско лето“ за отворено го прогласи претседателот Стево Пендаровски, кој е и покровител на фестивалот, а свое обраќање имаше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.  Уметничката порака на фестивалот  ја пренесе композиторот и оперски пејач Горан Начевски.

По традиција, свеченото отворање беше проследено со интонирање на фестивалската химна, палење на фестивалскиот оган  и богат огномет над охридското небо.

На годинешното 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, 9 театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Од денеска до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Предворје на црквата Света Софија, во црквата Света Софија и во Центарот за култура, ќе настапат над 1000 уметници од 25 земји ширум светот.

Share This Article