Запленети се 276 монети, од кои 275 претставуваат културно наследство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до поднесе кривична пријава против Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по чл.265 од Кривичниот законик.

По добиени информации дека Б.Б. поседува археолошки предмети – стари монети и други добра под привремена заштита, струмичката полиција извршила претрес на сопрено патничко возило управувано од него, и притоа биле пронајдени и одземени вкупно 276 стари монети во различна форма и големина, 10 метални предмети во форма на прстен со различна големина, метален приврзок, четири метални предмети во различни форми и големини, по што лицето е приведено во полициска станица.

При извршениот службен разговор со него, тој изјавил дека монетите и другите предмети ги нашол на локација во струмичко село пред околу една година, а потоа со метал детектор и на други разни локации наоѓал и собирал монети и други артефакти, по што тој во СВР Струмица доброволно го предал детекторот за метали и друг рачен алат.

Од страна на ОСОСК до ОЈО Струмица е доставено Известување, со барање до ОЈО Струмица да издаде Наредби за вештачење на пронајдените археолошки предмети, а по издадените Наредби, одземените предмети на 12.07.2022 се предадени на НУ Археолошкиот музеј на РСМ и на вештото лице вработено во истиот. Според наодот на Комисијата за давање на стручно мислење за археолошки предмети во НУ Археолошки Музеј на РСМ, десетте метални предмети пронајдени кај Б.Б. претставуваат оригинали и спаѓаат во сферата на културното наследство, а по завршената стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, од вкупно 276 монети, 275 претставуваат културно наследство т.е. добро под привремена заштита и како такви имаат своја историска и археолошка вредност, за што до ОЈО Струмица е доставен соодветен Извештај.

Share This Article