Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера попладне го лишиле од слобода Ј.А.(22) од с. Селце, Тетовско.
Како што соопшти МВР, при преглед во возилото „форд фокус” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 2.423 парчиња пиротехнички средства.
На автобуската постојка Беловиште тој со возилото не застанал на знак за запирање, но набргу, на автобуска постојка во село Пршовце бил престигнат и при контрола во возилото биле пронајдени пиротехничките средства.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.