More

    Запирањето на испораките на гас не ја подели Европа

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц, во денешното обраќање пред Бундестагот пред самитот на ЕУ, рече дека Германија е подготвена за зимата што се однесува до пополнетоста на резервоарите со гас и нагласи дека Путин погрешно пресметал кога мислел дека со запирањето на испораките на гас ќе ја подели Европа.

    – Путин се надеваше дека со запирањето на испораките на гас ќе може да нѐ уценува, но погрешно пресмета. Затоа што Европа остана обединета во својот став – рече лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) пред пратениците во Бундестагот.

    Германскиот канцелар изрази уверување дека Русија не може да победи во војната против Украина.

    – Путин нема да ги постигне своите цели. Тој смета на слабоста на Западот и Украина. Но, греши: ние не сме слаби – рече Шолц.

    Тој во своето обраќање во пресрет на самитот на ЕУ рече дека Германија успеала да обезбеди резерви гас и пред предвидениот рок на 1 ноември.

    – Со сигурност можам да кажам: заедно ќе ја пребродиме оваа зима – рече Шолц, посочувајќи дека резервоарите за гас се веќе 95 отсто полни.

    Германскиот канцелар рече дека договорот за целта за заштеда на гас од 15 проценти на ниво на ЕУ е силен сигнал.

    – Тоа е силен сигнал за европска солидарност, особено во однос на Германија, која е особено зависна од рускиот гас – нагласи тој.

    Според него, најдобрата стратегија против зависноста од увезени енергенси е дополнително инвестирање во технологии кои користат обновливи извори на енергија.

    – Секоја ветерница, секој соларен панел не прави чекор понезависни од увоз на скап гас или нафта – рече Шолц.

    Истовремено, тој ја бранеше германската програма за помош на граѓаните и економијата, која беше критикувана од некои членки на ЕУ.

    – Го поделивме на две години заштитниот штит за амортизација на последиците од поскапувањето на енергенсите во износ од 200 милијарди. Тоа годишно одговара на приближно два отсто од нашиот БДП, што е приближно ист износ колку што издвојуваат земјите како Франција, Италија и Шпанија – рече Шолц.

    Во дебатата што следеше по обраќањето на Шолц, опозициската десничарска популистичка Алтернатива за Германија (AфД) и партијата Левица побараа промена на ставот кон војната во Украина и прекин на испораката на оружје за Украина, со што, според нивното мислење, ќе прекине и војната.

    АфД бара и пуштање во употреба на оштетениот гасовод Северен тек за повторно да се овозможи увоз на руски гас.

    Норвешкиот премиер, Јонас Гар Стјоре, пак, денеска изјави дека руската војна во Украина „влезе во уште посериозна фаза”, како и дека безбедносната ситуација во Европа стана понапната по оштетувањата на гасоводите во Балтичкото Море.

    – Нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Тоа го знае и рускиот режим – рече тој.

    Гар Стјоре рече дека е природно да се чувствува страв кога соседот се заканува со нуклеарно оружје.

    – Доколку радиоактивност дојде кон Норвешка, ние сме добро подготвени – изјави тој ценејќи дека не постои директна воена закана по таа земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img