Запалени оџаци не им даваат мир на пожарникарите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повика на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 отсто, а 1,95 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 42,19 отсто, кон Итната медицинска помош – 45,70 проценти, кон пожарникарите 10,16 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Нивните податоци покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено сѐ уште има, особено за викендите.

– Пожарникарите од Македонска Каменица, од Берово при два случаја и од Скопје при четири случаи имале такви интервенции. Ваквите пожари на отворено, покрај тоа што ја загрозуваат околината, особено го загрозуваат квалитетот на амбиенталниот воздух во подрачјата каде што е веќе загаден, како што е Скопската котлина. Паралелно, пожарникарите во државата интервенирале и на повеќе пожари во населените места, при што дел од слични пожари во населени места биле поради запалени оџаци, што оваа грејна сезона е много често, а се потенцијална опасност за опасни поголеми пожари. ЦУК алармираше да се чистат превентивно оџаците согласно препораките на пожарникарите, па макар и сега во зимската грејна сезона. Запалени оџаци вчера гаснеле во Тетово, Штип, Охрид и во Битола. Во последните три деноноќија имаше и три регистрирани излизгувања на возила и заглавувања, секое деноноќие по едно – на Пониква, на Галичица и вчера кај браната Водоча во Струмичко – појаснуваат од ЦУК.

Според податоци од Регионалниот ЦУК Струмица, околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот, на патниот правец од градот кон браната Водоча.

– Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица. Тие излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот во длабочина од пет метри. Луѓе немало во и околу возилото, се барале и било констатирано дека имало две лица, коишто, за среќа, не биле повредени. Двете лица го напуштиле местото на настанот и не го пријавиле сами и навреме случајот. Излизганото возило од долот длабок пет метри, вчера попладне било извлечено – наведуваат од ЦУК.

Скопските пожарникари вчера со еден тим гаснеле запалена електрична инсталација на улицата Пекљане број 1А во општина Ѓорче Петров. Едно лице имало гушење од чад, било евакуирано и пренесено во болница.

Share This Article