Западот во живо ја следи парадата во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Режисерот Емир Кустурица вчера во Белград изјави дека војната во Украина е војна против православието и оцени дека би било подобро кога претседателите од Запад би присуствувале на претходните Паради на победата во Москва наместо „сега да ја гледаат таа парада во живо“.

– Војната во Украина, за која со сигурност можеме да тврдиме дека е долго подготвувана со помош на Пентагон, всушност е војна против православието и сето она што една автентична култура го претставува како главна пречка на патот на трансхуманизмот – претворање на луѓето во она што е проверено – рекол Кустурица во беседата по повод Светисавската повелба, која ја доделува Српското просветно и културно друштво „Просвјета“, а која вчера му беше врачена во храмот „Свети Сава“ во Белград.

Кустурица оцени дека украинската Влада „била пронацистичка и се свртела против народот на Доњецк и Донбас само затоа што сакале пријателство со Русија и да живеат според своите принципи и во својата култура“.

– Ние дури сега почнуваме да ја разбираме природата на нацизмот, бидејќи неговите корени се покриени со емоциите на ослободувањето во Втората светска војна.

Кустурица смета дека војната во Босна и Херцеговина и големите светски конфликти се во својата основа религиозни „како што е и овој во Украина“.

Потсетуваме, на Кустурица чешкиот фестивал Фебиофест му ја одзеде наградата Кристијан поради неговата наклонетост кон Русија.

Share This Article