Се шири пожарот во областа Атика кај Атина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пожарите во Грција во околината на Атина се шират со голема брзина. Шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, брзо се прошири во западниот дел на Атина, доби големи размери и утврдена е материјална штета, додека пожарот во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, се уште не е ставен под контрола, според портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис , јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот пожар што изби вчера попладне, сега гори во областа Мандра во западниот дел на областа Атика, на околу 40 километри од центарот на Атина, а веќе изгореа домови, додека пак Ватракојанис рече дека пожарникарите во соработка со полициските сили во повеќе случаи морале да интервенираат во спасување на граѓани.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населби или да се евакуираат или да бидат во состојба на готовност.

Паралелно, пожарникарите вечерва водеа битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата што се наоѓа во близина.

Според портпаролот на противпожарната служба на Грција утре во 13 области има многу висока опасност од пожари.

До крајот на денот се очекува во Атина да пристигнат и четирите канадери од Италија и Франција, кои веројатно утре, штом се раздени ќе ги засилат воздушните сили во гаснењето на пожарите, со оглед на тоа што авионите и хеликоптерите не интервенираат штом се стемни.

Грчкиот премиер денеска се врати порано од Брисел и присуствуваше на состанок во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита.

Share This Article