Западен Балкан има понизок БДП за 18% поради помала вклученост на жените, смета македонската гувернерка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Малата инволвираност на жените во општеството не значи само загуба за самите жени, туку значи загуба за целото општество. Согласно спроведена анализа на Светската банка, економиите во регионот на Западен Балкан губат во просек околу 18% од БДП поради помалата вклученост на жените во економијата, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа во интервју за „Блумберг Адриа“ посочи дека стапката на активност на жените во регионот на Западен Балкан во просек е околу 45%, додека во ЕУ оваа стапка е околу 70%. Кај нас, како што рече, податоците се слични, со стапката на активност на жените од околу 45 до 46%, за разлика од стапката на активост кај мажите која што е околу 65%.

– Не само што жените се помалку активно вклучени на пазарот на трудот, туку и оние кои се вклучени, се помалку застапени во управувачките структури во корпоративниот сектор, во јавниот сектор и слично. Ако ги погледнеме последните податоци објавени од страна на Берзата, учеството на жените во раководните структури, во котираните компании во 2023 година е околу 23%, што е релативно мала бројка – истакна гувернерката на Народна банка.

Ангеловска-Бежоска посочи и на податоците дека кај нас учеството на работоспособното население во вкупното население низ годините се намалува, што укажува дека постои структурен проблем со недостиг на човечки потенцијал, кој е еден од клучните фактори за раст. Од друга страна, како што додаде, има голем потенцијал кај жените кои не се активни. Оттаму, треба да се преземат политики за нивно активирање на пазарот на труд.

Според Ангеловска-Бежоска, за да се подобрат состојбите, потребен е холистички пристап во креирање на политики кои ќе го подобрат квантитативното и квалитативното учество на жените во работната сила, а со тоа ќе се придонесе кон економскиот раст и унапредување на животниот стандард, истакнува гувернерката.

– Народната банка во соработка со Европската банка за обнова и развој ќе работи на проект во насока на поголема финансиска инклузија на жените – најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Share This Article