More

    ЗАНАЕТЧИИТЕ ДА СЕ ТАРИФИРААТ КАКО ДОМАЌИНСТВА

    spot_img

    Паушално оданочените занаетчии да плаќаат струја како домаќинства или Владата да субвенционира 50 проценти од сметките за електрична енергија за оваа категорија занаетчии, предлага Занаетчиската комора на Северна Македонија.

    Барањата веќе се доставениа надлежните ветиле дека внимателно ќе ги разгледаат, информираше на денешната прес конференција, претседателот на ЗКРСМ и на Регионалната занаетчиска комора Куманово, Агрон Фазлији.

    Тој смета дека барањата се во интересот на социо-економската одржливост на занаетчиите, микро и малите претпријатија.

    – Сметаме дека токму овој момент е социо-економски важен и дека треба да се излезе во пресрет на малите занаетчии со намалување на тарифите за индустриска струја, односно занаетчиите да се категоризираат како домаќинствата. Во контекст на тоа, ако Владата на РСМ не може да излезе во пресрет, предложивме субвенционирање на електричната енергија на сите регистрирани занаетчии во регистарот на занаетчии на РСМ. Тоа ќе влијае директно во зачувување на работните места и занаетчиите ќе бидат ликвидни во овој тежок период во кој се соочуваат со низа кризи, а најмногу со кризата со електричната енергија – вели Фазлији.

    Во државата има околу 6.000 лица паушално оданочени занаетчии, пред сè, микропретпријатија со еден, двајца, тројца вработени, семејни бизниси.

    – Нашите членки кажуваат дека за просторија од 15 квадрати кои се во слободен пазар плаќаат по 30-40.000 денари. Затоа излозите во моментов се исклучени. Баравме помош за да бидат ликвидни, да работат. Ако не може државата да ги категоризира од индустриска во домаќинска електрична енергија ние баравме 50 проценти од оваа електрична енергија да биде субвенционирана од државата. Одговорот е дека сериозно се прифатени нашите предлози и чекаме одговор. Доколку не се случи ова гарантирам дека до Нова година како почнаа цените на електрична енергија да растат, мислам дека 50 проценти односно ако продолжи растот на цените, тогаш 100 проценти од микрофирмите ќе ги затворат дејностите – изјави Фазлији.

    Дел од угостителите оние кои се микропретпријатија најавиле и затворање на бизнисите за време на зимските месеци и отворање дури во април, наредната година по завршување на грејната сезона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img