Јакуб Закриев, внукот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е избран за нов шеф на руската филијала на „Данон“, откако Кремљ ѝ нареди на државата да воспостави привремена контрола врз работењето на францускиот производител на јогурт во Русија, пишува Ројтерс.
Закриев инаку е чеченски министер за земјоделство, а Кадиров на социјалните мрежи го нарече негов „драг внук“.
– Ваквиот избор генерален директор на Данон Русија покажува дека претставниците на тимот на чеченскиот претседател и рускиот херој Рамзан Ахматович Кадиров се талентирани и успешни менаџери – изјави на Телеграм Ахмед Дудаев, чеченски министер за национална политика, надворешни односи и информации.
Од руската инвазија на Украина во 2022 година, многу западни компании ја напуштија Русија, а некои од нив и нивните средства паднаа под државно управување.