More

    Законодавниот дом го превидел спроведувањето на законите

    spot_img

    Во Македонија не постои инспекциска служба, која врши надзор на применувањето на Законот за употребата на знамињата на заедниците, како и за Законот за употреба на грбот, знамето и за химната на Република Македонија, тврдат од Левица.

    Од оваа партија поднеле барање до Инспекцискиот совет за информации од јавен карактер поставувајќи го прашањето кои инспекциски служби се надлежни за спроведување на надзор над примената на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

    „Левица доби одговор дека согласно нивниот Регистар за закони и подзаконски акти според областа на инспекциски надзор, законската материја која се однесува на овие два закони, известуваат дека немаат податоци за инспекциска служба која спроведува надзор над одредбите од овие закони. Тоа значи, дека Законодавниот дом воопшто не предвидува надзор на инспекциски служби на кои ќе им биде делегирано спроведувањето на постапување на службата во однос на оваа законска материја. Јасно е дека досегашните Влади на Република Македонија, од причини кои им се познати на јавноста, наменски не ги делегирале овие надлежности на инспекциска служба, затоа што во крајност, партиите кои ги предводеле владејачките гарнитури се анти-државни“, се вели во соопштението испратено од Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img