Заканата за бугарско вето за Србија не треба да се игнорира, велат експерти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека неговата земја може да ја преиспита поддршката за Србија кон Европската унија поради, како што рече, како Белград се однесува кон бугарското малцинство во земјата. Имајќи предвид дека Софија има историја на блокирање на влезот на нови членови, прашањето е колку е моќен овој кренат прст?

И, како може да изгледа тоа? Аналитичарите се поделени: едни сметаат дека заканата е реторичка, додека други веруваат дека тоа може да се случи еден ден, пишува српски „Блиц“ цитирајќи српски експерти.

Во образложувањето на својот став, Радев не само што се закани, туку прецизираше кои услови ќе ги има на ум при донесување на одлука.

– Главниот критериум по кој ќе го судиме и поддржуваме напредокот на земјите од Западен Балкан е токму положбата на нашите сонародници во секоја земја – условите за економски и социјален развој и пред сè нивната способност да го бранат својот национален идентитет, јазик, култура и историска меморија – објасни Радев.

Тој беше во Србија пред три години, кога рече дека „многу е постигнато за тоа национално малцинство во Србија“.

Што се смени, и сега?

Бошко Јакшиќ, надворешнополитички коментатор ја поврзува со последните настани во Генералното собрание на Обединетите нации во врска со Резолуцијата за Сребреница.

– Ова е одговор на критиките на Белград во врска со гласањето на Софија во Генералното собрание на Обединетите Нации. Историјата се повторува, дека секогаш постои членка на ЕУ што може да уценува. Таа закана е повеќе реторичка отколку што може да има значење, но и порака да се избегнуваат конфликти секаде каде што е можно – забележува Јакшиќ.

„Заканата дојде ненајавена, но не треба да се игнорира со оглед на тоа што Бугарија пред три години стави вето на процесот за пристапување на Македонија во ЕУ, обвинувајќи ја владата во Скопје за говор на омраза кон Бугарите“, се вели во статијата на „Блиц“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article