Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека ако САД одлучат да му снабдат на Киев ракети со долг дострел, ќе ја преминат „црвената линија“ и ќе станат „учесник во конфликтот“.
На брифингот портпаролката на министерството Марија Захарова истакна дека Русија „го задржува правото да ја брани својата територија“.
Вашингтон ја снабдува Украина со напредни ракети кои можат да погодат цели оддалечени до 80 километри и досега се воздржуваше од јавно објавување дека ќе испрати ракети со двојно поголем дострел.
Американските власти велат дека Украина ветила дека нема да користи американски ракети за напад на руска територија.
„Ако Вашингтон одлучи да го опреми Киев со ракети со поголем дострел, тогаш ќе ја премине црвената линија и ќе стане директен учесник во конфликтот“, рече Захарова.
Украина бараше и доби големи количини оружје од САД и другите западни сојузници за да се одбрани од руските сили кои беа испратени во Украина во февруари.