More

    Захарова реагираше на веста дека Македонија ќе испрати хеликоптери во Украина

    spot_img

    Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова реагираше на веста дека Македонија ќе испрати хеликоптери во Украина.

    Македонија има намера да ѝ испрати на Украина 12 воени хеликоптери Ми-24 од руско производство, кои Скопје ги набави од Украина во 2001 година. Четири хеликоптери беа подложени на модернизација на НАТО.

    Како што пишува московскиот Комерсант, Македонија веќе испратила четири авиони Су-24 и неколку тенкови Т-72 во Украина, кои своевремено ги набавила и од Украина. Македонската влада наскоро треба да расправа за донацијата на хеликоптери.

    – Според нашите планови за модернизација, целата опрема што е донирана досега е при крај, нема да биде составен дел од нашето вооружување и многу е сигурно дека ќе треба да ја ставиме од употреба или да ја уништиме во краток временски период“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

    Таа рече дека вредноста на хеликоптерите е околу 30 милиони евра и дека САД неодамна одобриле околу 140 милиони долари за модернизација и набавка на нова воена опрема за македонската армија.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно разговараше со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и му се заблагодари за помошта, а од друга страна, пак, одговор пристигна од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која изјави дека „одлуката ја смета за голема грешка на македонската влада“.

    Но, од Скопје порачаа дека „Македонија е суверена земја која може самостојно да носи одлуки“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img