More

    Захарова пак се подбива со западните медиуми

    spot_img

    Официјален Кремљ не запира со свое подбивање со западните медиуми кои пишуваа дека денес, на 16 февруари ќе биде извршена окупацијата на Украина од страна на Русија. Портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова, дури ги замоли овие медиуми да објават кога Русија ќе окупира за да си го испланира својот одмор.

    „Би сакала да прашам, ќе можат ли американските и британските извори на дезинформации, Блумберг, Њујорк Тајмс, Сан и другите да го објават распоредот на нашите претстојни окупации за оваа година. Би сакала да си го испланирам одморот“, напиша Захарова на Фејсбук.

    Не остана покусо ни Дмитриј Песков, првиот човек на Кремљ кој веќе изјави дека Украинците „подобро да си ги навијат алармите“ за сами да се уверат во окупацијата.

    – Ноќта помина како и обично. Спиевме мирно. Утрово го почнавме денот мирно и професионално – изјави Песков.

    Песков секако мислеше на фактот што окупацијата беше најавена во 3 часот наутро по руско, односно по 1 часот по полноќ по македонско време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img