Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија ќе направи сè што е потребно експертите од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната електрана Запорожје.
Таа ги осуди „обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата“.
– Остро ги осудуваме обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата. Во тесна соработка со МААЕ и нејзиното раководство, ќе направиме сè што е потребно експертите на Агенцијата да ја посетат нуклеарната централа и да дадат вистинска оценка за деструктивните дејствија на украинската страна – рече Захарова.
Таа додаде дека официјален Киев ги разбира „несоодветните изјави од ЕУ“ како „зелено светло“ за создавање пречки за пристигнувањето на мисијата на МААЕ во Запорожје“.