Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека на претстојниот самит во Вилнус, литванија НАТО треба да се посвети клучно внимание на случувањата околу нуклеарката Запорожје“.
„На самитот на НАТО треба да се посвети клучно внимание на ова“. На крајот на краиштата, огромното мнозинство од членовите на алијансата ќе бидат во зоната на директно влијание“, предупреди таа на Телеграм.
И Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно дека планираат напад на електраната, која се наоѓа на територијата под руска контрола во источниот украински регион Запорожје, блиску до линијата на фронтот.
Украинскиот претседател Зеленски со денови предупредуваше за сериозна закана за централата, а неодамна изјави дека руските сили минирале покрив на неколку реактори. Меѓународната агенција за атомска енергија по првата проверка на објектот соопшти дека досега не виделе знаци на мини или експлозиви, но им треба повеќе пристап за да бидат сигурни.