More

    Захарова ги потресе духовите – „Или ќе биде наше или ничије“

    spot_img

    Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Соединетите Американски Држави никогаш не планирале мир, просперитет и демократија на територијата на Украина.

    – САД ја снабдуваат со оружје и ја уништуваат земјата што ја штителе толку долго. Јасно е дека ставот на Вашингтон води кон уништување на Украина. Постои едноставен израз за американската тактика на тема Украина: „Ако не е наше, нема да биде ничије. Нема мир, просперитет и демократија на територијата на Украина, САД не ни планираа – рече Захарова во програма на радио Спутник.

    Претходно, Захарова изјави дека сигналите кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави во контекст на настаните во Украина се контрадикторни и комбинираат провокативна милитантност со навестувања за можноста за руско-американски дијалог.

    Да потсетиме, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека НАТО треба да изврши „превентивни напади“ врз Русија, а не „да чека руски нуклеарни напади“.

    Според портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, украинскиот претседател не размислувал за употреба на оружје за масовно уништување, туку за воведување санкции кон Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img