„Еурокомпозит“ ќе се реструктуира и за неа веќе се бара стратешки инвеститор, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на фабриката „Витаминка“ во Прилеп.
Според него, штом ќе има резултати во однос на изнаоѓањето инвеститор, веднаш ќе бидат информирани вработените, менаџментот и граѓаните на Прилеп каде е лоцирана компанијата.
-Има договор за производство со одредени добавувачи. Владата прави анализи и тие беа разгледани од Комисијата за економски систем. Согласно процедурите, ќе се влезе во процес на реструктуирање и изнаоѓање стратешки инвеститори. Тоа ќе зависи од инвеститорите, нивните планови и производството – рече Ковачевски.