Животот на Ала Абд ел Фатаха, кој штрајкува со глад во затворот, е во голема опасност, предупреди високиот комесар за човекови права на ОН, Фолкер Турк и повторно го повика Египет веднаш да го ослободи.
Абд ел-Фатах, истакнат активист и блогер во декември 2021 година беше осуден на пет години затвор под обвинение за ширење лажни вести. Тој веќе 220 дена штрајкува со глад против казната и условите во затворот, а пред два дена престана да пие и вода.
– Многу сме загрижени за неговото здравје и постои недостиг на транспарентност за неговата моментална состојба – изјави портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Равина Шамдасани.
Притворот на Абд ел Фатах стана значајно прашање на самитот КОП27 во Шарм Ел Шеик. Неговата сестра е на самитот и води кампања за негово ослободување.
Египетскиот министер за надворешни работи и актуелен претседател на КОП27, Самех Шукри побара затворските власти да му обезбедат медицинска нега на Абд ел Фатах.
Сестрата на Абд ел Фатах е на Самитот и води кампања за негово ослободување.