More

    Загинаа 16 луѓе во земјотресот во Еквадор

    spot_img

    Најмалку 16 лица загинаа, околу 380 лица се повредени, а 126 згради се оштетени по силниот земјотрес што вчера го погоди подрачјето околу вториот по големина град во Еквадор, како и северниот дел на Перу, објави Си-ен-ен.

    Во сојузната држава Ел Оро неколку луѓе останаа заробени под урнатините на двокатна зграда. Земјотресот го погоди крајбрежјето на Гуајас, а епицентарот бил на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители. Во тек е спасувачката операција од разурнатите или оштетени објекти.

    Повредените лица се пренесени во болница. Претседателот Гиљермо Ласо им се обрати на граѓаните на Твитер и ги повика да останат смирени и присебни.

    Во соседната држава Перу е наредено да се затворат три тунели каде поминуваат возила. Според перуанскиот премиер Алберто Отарола, меѓу загинатите е и едно четиригодишно девојче од регионот Тумбес, кое било погодено во главата при уривање на нејзината куќа. Жители на малото еквадорско крајбрежно гратче Пуерто Боливар, жалат за починатите соседи, за настанатата материјална штета и молат за помош.

    Според Геолошкиот институт на САД, епицентарот на вчерашниот земјотрес бил на околу 80 километри јужно од Гвајакил- вториот по големина град во Еквадор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img