Загинаа 11 лица во Дом на културата близу Харков

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Единаесет лица загинаа по ракетирањето на градот Лозова во украинската област Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката на Фејсбук се гледа облак од чад кој се издига над зградата погодена од проектил, јавува Индекс.

Претседателот изјави дека е зафатена зградата на Домот на културата и дека загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

„Окупаторите ги земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат вакви цели (за гранатирање)? Апсолутно зло, апсолутна глупост“, напиша Зеленски.

Share This Article