Загадувањето на воздухот во Струмица последните двата дена е повисоко од дозволеното за повеќе од 150 милиграми на квадратен метар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Загадувањето на воздухот во Струмица последните двата дена е повисоко од дозволеното за повеќе од 150 милиграми на квадратен метар, соопшти  Министерството за животна средина и просторно планирање кое се повикува на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според информацијата во овој град среднодневните концентрации на PM10 на 31 декември биле повисоки за 187,47 микрограми на кубен метар , а вчера биле повисоки за 151,02 микрограми на кубен метар.

Министерството предложи и мерки кои треба да се преземат во Струмица:

  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
  • Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
  • Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
  • Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
  • Забрана на горење на отворено
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
  • Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Share This Article