Заев, Ковачевски и Бучковски слават годишнина од членството во НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Собранието подготвува Декларација за одбележување на четиригодишнината од зачленувањето на земјава во НАТО, а денеска претседателот на Собранието организираше средба во Клубот на пратениците на која присуствуваа тројца поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Четири години од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки во интерес на безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани. Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови на воена агресија недалеку од нас“, објави Митрески на Фејсбук.

Од Кабинетот на Митрески посочуваат дека ова е една од состаноците што претседателот на Собранието ги организира за одбележување на годишнината од членството во НАТО.
Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил напиша дека со храбрите и решителните одлуки на СДСМ, Македонија веќе четири години е горда членка на најмоќниот воен сојуз – НАТО.

„Во пресрет на одбележување на годишнината од членството во НАТО, ми беше чест што со претседателот на Собранието Јован Митрески, со поранешните премиери, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и со поранешните пратеници, амбасадори, но и носители на високи државни функции, имавме можност разговаравме за придонесот на секој од нас во реализацијата на целиот процес, за придобивките од членството, како и за позицијата на Македонија како членка на НАТО“, напиша Ковачевски.

Денес, додава Ковачевски, нашата држава е фактор за стабилност во регионот и пошироко.

„Безбедносната стабилност носи економски просперитет, а странските инвеститори ја препознаваат Македонија како сигурно место за вложувања. Тоа значи подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард. НАТО беше првата стратешка цел и успеваме да ја исполниме“, посочува Ковачевски.

Share This Article