Заедницата на српски општини е клучен дел од договорот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија Мирослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, допатуваа претпладнево во Приштина.

Дипломатите имаат средби во кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти, а потоа ќе продолжат за Белград, каде што ќе се сретнат со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Петтемина емисари, според информациите на порталот „Газета експрес“, го носат со себе нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, подготвен од нивните тимови.

Овој нацрт-статут на Заедницата, според порталот, се заснова на Пакетот на Марти Ахтисари, кој пак е усогласен со Уставот на Косово.

Од претставувањето на француско-германскиот план за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, кој беше сработен на почетокот на годинава, Западот инсистира косовската страна да излезе со нацрт-статут за Заедницата на општините со српско мнозинство, што се смета за клучен дел од договорот. Од косовска страна досега нема дејствија на тој план.

На состанокот на 14 септември во Брисел косовската страна го отфрли планот и редоследот предложени од медијаторите, со кои се предвидуваше имплементацијата на Охридскиот анекс да започне со почетокот на изработката на документите за основање на Заедницата во замена за отстранувањето на фуснотата/ѕвездичката, со која Косово е претставено на некои регионални форуми.

Како што е најавено, цел на посетата е да се постигне конкретен напредок во имплементацијата на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу двете држави и деескалација на состојбата по последните случувања во северно Косово.

Share This Article