More

    Заедничка комисија ќе ја исцртува границата меѓу Ерменија и Азербејџан

    spot_img

    Кабинетот на Пашинјан го објави соопштението по разговорите со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Брисел. Соговорниците се договориле да формираат билатерална Комисија за демаркација на заедничката граница до крајот на април, се вели во соопштението.

    „Премиерот на Ерменија и претседателот на Азербејџан им наложија на своите министри за надворешни работи да започнат со подготовки за мировни преговори меѓу двете земји“, стои во соопштението.

    На состанокот во Брисел присуствувал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Во 2020 година азербејџанските сили ги протераа етничките ерменски сили од областите што ги контролираа од и околу Нагорно-Карабах од 1990-тите години.

    Ерменија минатиот месец рече дека очекува Русија да преземе чекори за да го принуди Азербејџан да ги повлече силите од регионот Нагорно-Карабах.

    Азербејџан, од друга страна, тврди дека областа е нејзина суверена територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img