Иако Грција е една од омилените дестинации за туристите од Србија, соседите во последно време често се жалат на цените и поскапувањата, а некои од нив доживеале и непријатности.
Се пишуваше за зачестените кражби на автомобили на туристи од Србија кои и ги припишуваат на бугарската мафија, но Грците претходните години се жалеа дека Србите им ги уништуваат становите затоа што носат пиперки од Македонија да готват ајвар, а сега главна тема се лежалките. .
Како што објави една Србинка на Фејсбук, во инфо групата Грција, не можела да добие лежалки бидејќи, како што наведува, и било кажано дека „лежалките не се за Срби“, пишува Б92.
„Плативме 20 евра за лежалки, плус задолжителна потрошувачка од 10 евра по човек, што е во ред, но ваков однос кон Србите овде првпат доживеавме. И секако, веднаш ја сменивме плажата. Голем, огромен минус“, напиша турист од Србија.
Други се надоврзаа на овие коментари и ги споделија своите искуства, со што и дадоа антиреклама на Грција, која е многу популарна туристичка дестинација меѓу Србите.