Забрането е пливањето на плажата во Ичиќи кај Опатија во Хрватска. Откако повеќе граѓани пријавија загаденост на морето, Институтот за јавно здравје на Хрватска во своите анализи утврди дека на почетокот на плажата, во близина марината, количината на смртоносна бактерија е поголема од дозволената, пишува Јутарни.
Неофицијално, станува збор за бактеријата ешерихија коли.
Институт уште прави тестови и издаде соопштение до граѓаните предупредувајќи да не се капат додека траат испитувањата.