More

    ЗАБРАНЕТ СООБРАЌАЈ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПОВЕЌЕ ПАТИШТА И ПРЕВОИ!!!!

    spot_img

    Поради интензивни снежни врнежи воведена е забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјава. Автомото сојузот информира дека ваква забрана има на патните правци Струмица – Берово, Демир Капија – Миравци и на превојот Плетвар, потоа на патот од Гостивар кон Стража (Кичево), Битола – Ресен кај преминот Ѓавато, на патот Маврово – Дебар и Струга – граничен премин Ќафасан.

    На останатите патишта е задолжителна е зимска опрема.

    Според информациите на јавното претпријатие „Македонијапат“ и Авто мото сојузот на Македонија утрото беше воведена забрана за тешките товарни возила и на патниот правец од селото Рогачево до граничниот премин Јажинце. На овој патен правец е забранет и автобуски сообраќај поради силен ветар и големи наноси на снег .

    На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

    Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до возачите да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img