More

    Забраната на македонскиот клуб од советот на Благоевград е спротивна на европските врдности и законодавство

    spot_img

    И покрај декларацијата на советот на град Благоевград за забрана на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров од Благоевград, членовите на забранетото здружение Македонски клуб за етничка толеранција синоќа одржаа седница. На седницата присутните го разгледаа писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија и се расправаше за него, информираат иницијаторите во писмо до здружението на граѓани „Нов АСНОМ“ од Скопје, со кое  имаат соработка и комуникација. Членовите на клубот велат дека со ова демонстрираат храброст, непокор и слободоумие и ќе продолжат со собирање во просториите на клубот Никола Вапцаров во Благоевград се до негово затворање, ако воопшто тоа се случи.

    „Правото на здружување е фундаментално право втемелено во Членот 2 од Договорот на ЕУ и е едно од темелните вредности на Европската Унија. Со вчерашната одлука на советот на Град Благоевград, се уриваат темелните вредности на Европската Унија. Еве го резултатот од потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија – бугарски одлуки со кои се уриваат темелните вредности на Европската Унија, која не реагира на тоа“ – се вели во соопштението на Организацијата НовАсном.

    Здружениетп приложува фотографии од средбата и од одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација на БугаријаСо оваа одлука Комсијата ја запира постапката по жалба на повеќе здруженија на Македонци за дискриманација по етничка основа заради недостиг на докази, односно „неуредно поднесени жалби“.

    Организацијата НовАсном од Скопје, кое ја добила преписката, целосно го подржува клубот Никола Вапцаров во неговите напори да Македонците од Бугарија да се здружуваат во здруженија.

    „Заедно со забранетата организација Македонски клуб за етничка толерација од Благоевград превземаме конкретни чекори со кои ги промовираме и браниме европските темелни вредности“ – се вели во соопштението на здружението.

    Советот на општината Благовград неодамна со 25 гласа „за“, а ниту еден „против“ и четири „воздржани“ донесе решение да не се дозволи отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ затоа што, како што се вели во образложението, тоа било антибугарска провокација. Образложението е дека Благоевград „нема да биде центар за слични пропагандни провокации и дека таму нема место за македонисти“.

    „За нас е неоспорен историски факт дека македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната во 1934 година, дека нејзината единствена причина за постоење била да им служи на интересите на болшевичката партија и на Советскиот Сојуз и за целите на туѓа држава!“ – се вели во образложението на одлуката на Советот на Благоевград.

    Претседателот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков изјави дека е неразбирливо како Општината Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите.

    – Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа – изјави Стојков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img